Батери Еволушн ја претстави новата OE Premium Carbon линија

четврток, 15 јули 2021

Новата Exide Carbon 2.0 линија веќе е во продажната мрежа на Батери Еволушн, однопсно Premium Carbon Boost акумулаторот, најпродаваниот модел на еден од водечките европски производители Exide, добива нов дизајн и унапредени перформанси, а покрај тоа се намалуваат емисиите на CO2 и користењето на вода, додека притоа се забрзува полнењето за истите. Новиот дизајн кој пристигнува кај Premium Carbon, Exide ќе го искористи кај остатокот од своите конвенционални батерии.

Како лидер во оваа индустрија, Exide постојано ги унапредува своите производи со цел да го задржи чекорот со најновите трендови и барања на автомобилските производители. Благодарение на редизајнот, новото и уникатно решение дизајнирано од Exide ќе ги одведе Premium Carbon 2.0 батериите на едно сосема ново ниво, а доказ за тоа е и двојно побрзото самополнење при кратки релации, додека самиот дизајн е во согласност со најновите модели на најдобрите старт-стоп акумулатори AGM и EFB. Најважно од сè е што новите Premium Carbon акумулатори добиваат гаранција од 36 месеци.

Во согласност со европските регулативи, Premium Carbon 2.0 акумулаторите нудат помала емисија на CO2 со што им излегуваат во пресрет на автомобилските производители за задржување на перформансите во зададениот праг. Користејќи информации од индустријата за производство на пластика и голем број независни универзитетски студии, во Exide пресметале дека новите акумулатори чии кутии и поклопци се направени од рециклирана пластика зачувуваат до 2.700 тони CO2, осум милиони литри вода и 1,2 литри сурова нафта во производството на Exide на годишно ниво.

Нов еколошки дизајн кој ја нуди истата заштита

Новиот дизајн на батериите се одликува со нов капак со заштита од протекување и искри и двоен задржувач на пламен, со што се добива истото супериорно ниво на безбедност кое Exide секогаш го нудел во своите претходни дизајни. Ова е оригинален дизајн, кој Exide го користи за големите европски производители на автомобили.

„Ние сме посветени кон намалување на нашето влијание врз околината преку нашиот бизнис и со задоволство истакнуваме дека новиот Exide Premium дизајн има голем удел во овие наши напори. Намалувањето на 2.700 тони CO2 на годишно ниво е големо достигнување и со задоволство гледаме кон тоа да идентификуваме нови начини со кои ќе ја зачуваме околината во иднина“, истакна Стефан Стубинг, претседател и извршен директор во Exide Technologies.

Новите Premium акумулатори исто така се карактеризираат и со новата Carbon Boost формула на Exide.

„Станува збор за комерцијален рецепт за оптимална мешавина и примена на различни видови и пропорции на јаглеродни адитиви на негативната активна маса за да се добие најдобриот можен резултат за работата на акумулаторите. Работиме со овие карбонски адитиви и ги потврдивме нивните ефекти преку тестирање повеќе од 10 години и имаме широко искуство во развојот и истражувањето на ова поле“, истакна Гвидо Сканагата, менаџерот за производи во компанијата.

Генерален увозник на македонскиот пазар за Exide акумулаторите е компанијата Батери Еволушн, кој го поседува најголемиот асортиман на акумулатори во Македонија, нудејќи производи за сите видови автомобили. Покрај тоа, сите производи можат да се погледнат онлајн, а на нашиот пазар се достапни низ продажната мрежа на компанијата преку голем број на дистрибутери.