Exide technologies group
Exide technologies group USA е американска компанија – основач, пионер во иновација и производство на акумулатори во Светот.
Основана е во далечната 1888 година од светски познатите научници Томас Алфа Едисон и В.В. Гибс.Името Exide е дело токму на овие научници кои кога ја создале првата кутија која складира енергија ја нарекле EXcellent oxide или подоцна EXIDE.Од тогаш па до денес Exide е носител на светската акумулаторска индустрија. Со операции во 88 земји и над 15000 вработени “Exide technologies” е најголем производител на акумулатори и индустриски батерии во светот.Богатата историја во Америка му овозможи да создаде и светска доминација.”Exide technologies group”е сопственик на престижните светски брендови:
Battronic (Canada), BIG (UK)
Sonneschein (Germany)
Sonnak (Norway)
Tudor (Spain)
Ceac (France, Fiat Group), Fulmen batteries
Deta (Germany)
Hagen (Germany)
GNB Technologies (US)
Со над 5000 производи и 53% од пазарот Exide е прво име во иновација, дизајн, производство и маркетинг на акумулатори во светот.
Exide во соработка со најголемите светски автомобилски групации е иноватор на AGM (absorbet glass metal) технологијата, Спирал, ГЕЛ, и најновата и најазначајна за автомобилската индустрија START-STOP технологија со која направи чекор понапред во светската историја на акумулатори.
Exide акумулаторите се користат како ОЕМ прва, оригинална инсталација кај следните произведувачи на автомобили и товарни возила : VW, Audi, Seat, Porsche, Fiat, BMW, Alfa Romeo, Renault, Toyota, Ford, KIA motors, Peugeot, JEEP, Mazda,Volkswagen, Iveco, Volvo Trucks, Scania, JCB, Claas,John Deer, MAN...
Прозводството на акумулатори во Европа е поделено во 6 фабрики :
Италиjа – Exide batteries Original
Германија – HAGEN, DETA и Sonnenschein
Франција – Fulmen
Шпанија – Tudor
Полска – Centra
Норвешка – Sonnak
Сите акумулатори се сертифицирани како ОЕМ(original equipment matching) оригинални резервни дело со што се единствени на пазарот на акумулатори во Европа.
Exide technologies group е поделен на 2 засебни бизнис сегменти:
Transportation unit : Задолжен за првично оригинално вградување во автомобилските производители и пост проджа на резервни ОЕМ акумулатори за автомобили(конвенционални и Старт-Стоп), Лесни и тешки товарни возила, агро механизација, електрични возила, вилушкари, градежна механизација, пловни возила, камп приколки и специјални возила(воени, полиција, Амбулатни)
Industrial unit : Задолжен за оригинално вградување и постпродажба на резервни за communication, alarms, solar systems, uninterruptible power supplies for power plants, telecommunications, railways and military equipment (Stationary).
Следејки и служејки им на светските лидери во производство на автомобили, товарни возила специјални апликации Exide го определи светскиот пат на акумулаторската индустрија.
Се користат најнови технологии во производството на акумулатори:
Со течен електролит Ca – Ca
AGM
AGM со спирални келии
GEL
VRLA
Фабриката во Италија, која е една од најзначајните во Европа, се наоѓа во Romano di Lombardia (Bergamo), каде што се основани и лаборатории за истражување и развој. Таму е развиена технологијата “expanded metal”, која што сега се користи во сите Exide фабрики, како и STS технологијата (Sealed Technology Safe), која што ја користат автомобилските индустрии како: Fiat, BMV, General Motors, PSA, VV, Renault…
Значајни проекти се започнати и иницирани во областа на електричните возила, каде што Exide е светски лидер. Exide Italy има соработувано и со престижните универзитети од Болоња и Торино за развој на технологијата “Dryfit Drysafe”. Веќе неколку типови на хибридни и електрични возила се опремени со овој тип на технологија.
Батери Еволушн е генерален увозник и дистрибутер за Македонија
Батери Еволушн е генерален увозник и дистрибутер за Македонија