Хибридните фотоволтаични инвертори имаат улога да ја трансформираат еднонасочната енергија од фотоволтаиците во наизменична, за потребите на потрошувачите во објектот. При испад на електроенергетската мрежа, хибридниот инвертор останува да работи при што ја црпи енергијата од батеријата и ја предава кон потрошувачите. Доколку сакате да бидете независни од електроенергетскат мрежа и да ја искористите целосно енергијата која е произведена од фотоволтаиците, вистинскиот избор е систем составен од хибриден инвертор и батерија.