Ново во Батери Еволушн - Испитување, сервис, одржување и инсталација на индустриски батерии

Friday, April 1, 2022
ИСПИТУВАЊЕ/КАПАЦИТИВНА ПРОВЕРКА, ОДРЖУВАЊЕ, ИНСТАЛАЦИЈА И СЕРВИС НА БАТЕРИИ ЗА:
  • Електрични вилушкари и дигалки
  • УПС (системи за непрекинато напојување)
  • Базни станици
  • Соларни системи
  • Трансформаторски станици и разводни постројки
  • Рударска опрема

БЕСПЛАТНО ИСПИТУВАЊЕ НА БАТЕРИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВИЛУШКАРИ!

Тракциските батерии наоѓаат широка примена кај електричните вилушкари, дигалки и платформи, рударска опрема, машини за чистење и сл. Тие се составени од повеќе 2 волтни ќелии, кои што како целина создаваат една батерија со одреден напон. Во текот на работните циклуси, ќелиите претрпуваат празнење и полнење и со текот на времето доаѓа до нивно оштетување, намалување на капацитетот, куса врска или прекин во електричната врска. Намалувањето на капацитетот или оштетувањето на една ќелија може да предизвика верижна реакција на оштетување и на останатите ќелии. За да не дојде до прекин во работата на поголем број на ќелии, потребно е редовно испитување и сервисирање на ќелиите.

За таа цел воведуваме комплетен пакет од услуги кои вклучуваат :

  • Бесплатна капацитивна проверка(испитување) на моменталната состојба и дотраеност на батериските системи во електричните вилушкари, палетари, платформи и други електрични постројки
  • Сервисирање на батериите со намален капацитет
  • Консултација за потребите за набавка на нови батерии
  • Професионална инсталација на нови високо квалитетни батерии од реномирани светски производители како Exide technologies group, Hoppecke, Jyc, LongKung…

Тимот на Батери Еволушн е составен од високо стручен кадар со долгогодишно искуство во испитување, сервис и инсталација на тракциски и стационарни батерии.

ИСПИТУВАЊЕ, СЕРВИС И ЗАМЕНА НА СТАЦИОНАРНИ БАТЕРИИ ЗА НЕПРЕКИНАТО НАПОЈУВАЊЕ

Стационарните батерии се од суштинско значење како дел од системите за резервно напојување.

Таму каде што прекините во електричното напојување мора да бидат покриени со непречено резервно напојување батериите преставуваат основа за складирање и испорачување на енергија во моменти на пад на напојувањето или прекин во мрежата за снабдување.

Вршиме испитување, одржување, сервис и замена на сите видови оловно киселински и литиумски батерии наменети за :

  • УПС уреди и системи
  • Телекомуникациските системи
  • Информатички и дата системи,
  • Термоцентрали, хидроцентрали
  • Воздухопловни уреди и друго

Батериите кои ги користиме при вградување се од врвни производители:

  • Exide technologies group – Sonnenschein, Marathon, Powerfit, Sprinter, Classic..
  • Hoppecke group
  • KungLong batteries
  • YIC batteries

Проектирање, инсталација, одржување и сервис на батериски системи за складирање на енергијата од фотоволтаиците

Која е улогата на батериите кај фотоволтаичните системи?

    • Кога ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија од фотоволтаиците, потрошувачите преку батеријата непрекинато се снабдуваат со електрична енергија.
    • Кај домаќинствата кои што не се поврзани со преносната енергетска мрежа, батериите обезбедуваат електрична енергија и во текот на ноќта.

Кои други предности ги нудат батериите?

  • Намалување на сметките за електрична енергија. Зависноста од вашиот добавувач на електрична енергија е потребно да се минимизира со цел да се намалат сметките за електрична енергија. Поставувањето на батерии заедно со фотоволтаиците овозможува целосна независност и пониски сметки за електрична енергија.
  • Снабдување со електрична енергија во случај на испад на енергетската мрежа. Во случај на чести прекини во снабдувањето со електрична енергија, со поставување на батерии потрошувачите ќе можат непрекинато да се снабдуваат со електрична енергија.
  • Енергетска арбитража. Вишокот произведена електрична енергија од фотоволтаиците може да се складира во батериите и подоцна да се продава на енергетските пазари.

Принцип на работа на систем Фотоволтаици+Батерија

  • Во текот на денот кога фотоволтаиците произведуваат електрична енергија, дел од енергијата ја искористуваат потрошувачите, а дел служи за полнење на батеријата.
  • Во текот на денот кога фотоволтаиците не произведуваат електрична енергија, потрошувачите се снабдуваат со електрична енергија од батеријата.

Батери Еволушн е еден од најголемите увозници на акумулатори и батерии во земјата и регионот.Тимот задолжен за работа со индустриски батериски системи е составен од високо стручен кадар со огромно искуство во работењето со секaков вид на батерии.